РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ЗА ИДЕЈНО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ЗА ИДЕЈНО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД

Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026, финансирана од Општина Охрид, го заврши оценувањето од конкурсот и донесе одлука за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект  во современ и функционален Младински Културен Центар.

По завршување на процесот на оценување од страна на стручната комисија, со задоволство ги објавуваме резултатите:

  • 🥇 Прва награда – [Шифра: X0X00X0X] – 220.000 денари
    Автори: Дарко Христов и Тамара Џерков
    Соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев
  • 🥈 Втора награда – [Шифра: БИ15МА92] – 120.000 денари
    Автори: Марија Милошевска и Бојана Исијанин
  • 🥉 Трета награда – [Шифра: МНТ2001В] – 60.000 денари
    Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска

Конкурсот имаше за цел да се избере современо архитектонско решение за адаптирање на постоечкиот објект (поранешната менза во рамки на Касарна „Михајло Апостолски“) во современ и функционален Младински Културен Центар.

Конкурсот привлече голем интерес од овластени архитекти и студенти по архитектура од целата земја, што уште еднаш ја потврди потребата од вакви простори за младите во Охрид и регионот.

Избраното решение ќе ѝ послужи на Општина Охрид како основа за понатамошна изработка на основен проект и целосна реализација на проектот, со цел Младинскиот Културен Центар да стане нов културен симбол на Охрид – инклузивен простор за млади, уметност, култура и заедница.

Промоција на идејните решенија и доделување на наградите е предвидено во август 2026 година, како дел од Програмата за Недела на Млади, преку која Младински Центар Охрид традиционално го одбележува Меѓународниот Ден на Младите (12 август).

Благодариме на сите учесници за креативните и квалитетни трудови! Вашите идеи значително придонесуваат кон развојот на младинската инфраструктура во Македонија.


Print   Email