Одржан Јавен настан за промоција на Прирачник за Службеници за млади

Одржан Јавен настан за промоција на Прирачник за Службеници за млади

Со задоволство ви го претставуваме ПРИРАЧНИКОТ ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ,подготвен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“финансиран од Европската Унија.

Целта на Прирачникот за службеници за млади е да го поддржи спроведувањето на Законот за младински политики и младинско учество и е наменет за службениците за млади во рамките на органите на државната управа и единиците на локалните самоуправи.

Јавниот настан за промоција на прирачникот се одржа на 01 ноември 2023 година во Europe House во Скопје.

Настанот го отворија Г-дин Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА и Тим Лидер на проектот и Г-дин Наумче Мојсоски, Директор на Агенцијата за млади испорт.

Прирачникот го презентираше Г-а Катица Јанева, авторка на прирачникот, а за главните предизвици на службениците за млади на локално и национално ниво говореа Г-а Неда Икономова, службеник за млади од Фонд за иновации и технолошки развој и Г-а Јулија Малахова, службеник за млади од Општина Центар.

Овој прирачник беше подготвен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“,финансиран од Европската Унија, е спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА како главен носител,заедно со партнерите СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.


Print   Email