Јавен повик за учество на Обука за дигитална писменост за онлајн активизам

Јавен повик за учество на Обука за дигитална писменост за онлајн активизам

Hits: 13

Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ЗА ОНЛАЈН АКТИВИЗАМ.

Обуката за ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ЗА ОНЛАЈН АКТИВИЗАМ е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми. 

Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои работат со и за млади да обезбедат ги подобрат своите компетенции за онлајн безбедност, примена на онлајн дигитални платформи за организирање настани, онлајн застапување и учество како и платформи за визуелизација, нови трендови во подготовка на содржини за социјални медиуми и веб страни.

Период на одржување на обуката: 15 – 17 јуни 2022

Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.

На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Апликантите мора да бидат на возраст од најмалку 18 години. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.

Рок и начин на пријавување
Крајниот рок за пријавување на обуката за дигитална писменост за онлајн активизам е 10 јуни 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/hz5KZVnxXnpo43Lr8  

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Селекција на учесници
За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 13 јуни 2022 година.

Print