ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ESC ВОЛОНТЕРИ – ВТОР РОК

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ESC ВОЛОНТЕРИ – ВТОР РОК

Hits: 39
Коалиција на младински организации СЕГА е организација акредитирана со ознака за квалитет за спроведување волонтерски активности во рамки на Европскиот Солидарен Корпус и го реализира акредитираниот волонтерски проект со регистарски број 2025‑2‑MK01‑ESC51‑000371661.
 
Проектот предвидува ангажман на три волонтери од програмските земји на ESC, со траење од 59 дена, со посебен фокус на млади со статус „помалку можности. Целната група опфаќа млади кои се соочуваат со економски, географски, социјални, едукативни, здравствени или културни предизвици, како и млади со попреченост или NEET статус.
 
Активностите се насочени кон адресирање клучни европски приоритети:
  • Заштита на животната средина, одржлив развој и климатска акција
  • Учеството на младите во демократскиот живот и граѓанска ангажираност
  • Eвропски младински цели
Проектот интегрира дигитални алатки и виртуелни компоненти за подобрување на квалитетот на учењето и развој на дигитални компетенции. Активностите се дизајнирани во согласност со зелени практики, промовирајќи еколошки одговорно однесување и одржливи навики кај волонтерите.
 
Останати теми кои ги опфаќа проектот се инклузија и диверзитет, обезбедувајќи поддржувачка средина за сите учесници и поттикнувајќи еднакви можности за младите.
 
Со оваа волонтерска можност, Коалиција СЕГА придонесува кон развој на младинска солидарност, активно учество во општеството и градење позитивни промени на локално и европско ниво.
 
Повикот за аплицирање е отворен до 30.12.2026 година. Може да се пријавите на следниот линк: Opportunity detail page | European Youth Portal
Print