Запознајте се со Волонтерски Центар Скопје

Запознајте се со Волонтерски Центар Скопје

Волонтерски Ценатар Скопје е основна членка на семејството на Коалиција СЕГА. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.

#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Во срцето на Кисела Вода, Скопје, Македонија живее ВЦС семејството.

Ова семејство не е ниту мало ниту преголемо но секогаш отворено за нови членови. Волонтерите од целиот свет го наоѓаат својот дом овде и заедно со локалните волонтери учат, прават промени, инспирираат, растат. Сето тоа е благодарение на можноста што им ја дава Волонтерски Центар Скопје.

 

Ние сме невладина младинска организација, создадена во 2006 година, а од 2009 година сме дел од коалицијата СЕГА. ВЦС беше создаден од поранешни ЕВС волонтери со главна цел да ги поврзат младите луѓе по различни основи, без оглед на нивниот национален, расен, верски, политички и економски статус.

Што правиме во нашиот мал голем ВЦС свет? Организираме проекти во рамките на програмата Еразмус +, вклучувајќи испраќање и хостирање на волонтери за ЕВС проекти. Ние им даваме неформални образовни можности на младите луѓе и нашите волонтери секогаш можат да ги користат своите вештини, таленти и идеи во многу задачи што им беа дадени. Исто така  организираме разни настани од караоке до филмски вечери и друго и организираме работилници во средните училишта во зависност од потребите и интересите.

И уште нешто повеќе... Дозволете ни да ви кажеме една приказна за нашето „бебе“ ВОИСЕС. ВОИСЕС е нашето списание од млади луѓе за млади луѓе. Нашите волонтери пишуваат статии и го дизајнираат целото списание. Статиите не се само од нас туку и од други кои сакаат да пишуваат на три јазици: македонски, англиски и албански. Значи, ова е во кратки црти за Волонтерскиот Центар Скопје.

 

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.

Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


Print   Email